Се појавија снимки на кои се чини дека еден слон плачел со часови пред да умре во зоолошка градина во Индонезија којашто досега жестоко била критикувана поради лошото однесување кон животните во неа. Сѐ уште не се познати причините за смртта на Јани, 34-годишна слоница која умрела во зоолошката градина Бандунг во Индонезија. Слоницата била извадена од својот кафез за да биде окована откако недела претходно се разболела.
Слоновите произведуваат солзи, но до сега не е докажано дека тие плачат како резултат на чувства. Силвана Ранта од Агенцијата за заштита на природата од Западна Јава ја критикувала зоолошката затоа што во неа немало постојана ветеринарска грижа за животните.
„Да се има ветеринар е задолжително, а таму нема ветеринар веќе цела година.“ Од друга страна, чуварите во зоолошката цврсто стојат на ставот дека Јани добивала добра грижа и соодветни лекарства и дека бил консултиран надворешен ветеринар. Градоначалникот на Бандунг, Ридван Камил, постирал слики со Јани на Инстаграм велејќи дека ако една зоолошка не може да си дозволи соодветно да се грижат за животните, тогаш треба да „побара помош“.