Сите знаеме дека Никола Тесла е човек пред своето време. Тесла замислувал дека на планетата ќе има бесплатна електрична енергија за сите, но неговите идеи и пронајдоци, беа многу поголеми од струјата. Да не беше Тесла најверојатно ние сеуште немаше да знаеме за радиото, телевизијата, наизменична струја, флуоресцентно осветлување, неонско осветлување, роботика, Х-зраци, радари, Микробранови и десетици други неверојатни пронајдоци.
Како што објаснува самиот Тесла „Земјата е мала наелектризирана топка, која се движи низ вселената…“, која создава огромни, брзи електростатски сили кои го намалуваат итензитетот со квадратот на растојанието од Земјата, исто како и гравитацијата.
Вилијам Р. Лин, Тесла „научник“ и автор на книгата „Окултното во Етерот и Физиката“, вели дека во куќата на познатиот научник меѓу бројните документи биле најдени и бројни белешки за анти-гравитацијата. Во својата книга, Лин вели дека Тесла ги поминал последните години од својот живот на собирање информации за револуционерен погонски систем, кој ќе ја користи силата на етерот за да ги мобилизира објектите. Писателот ја базирал неговата теорија врз основа на последните предавања од страна на Тесла, во кои тој зборувал за неговите најнови откритија, кои што ќе ги сменат сфаќањата за физиката, познати на човекот.
Најновиот патент на Тесла, евидентиран во 1928 година (# 6555114), бил во врска со машина за летање, која што личела и на хеликоптер и на авион. Оваа возило требало да користи револуционерен погонски систем, кој би сменил се што знаеме за летањето.
Лин објаснува во книгата дека Тесла за време на предавање на Институтот за имигрантска политика, ја споменал својата Динамична Теорија за Гравитација и тоа дека: „Ова е едно од двете далекусежни откритија на кои што работев од 1893 до 1894 година.“
Динамична Теорија на Гравитација претставува поле на сила, кое се однесува на движење на телата во просторот, претпоставката за оваа поле на сила се пркоси со концептот за искривеност на просторот (од Ајнштајн), етерот има неопходна функција во овој феномен (универзална гравитација, инерција, динамиката и движењето на небесните тела, како и сета атомска и молекуларна материја).
Тесла напишал дека Луминиферус етерот, кој го исполнува целиот простор, е под дејство на создавачката животна сила. Етерот е фрлен во „бесконечни мали витли“, во близина на брзината на светлината, со што станува материја од големо значење и кога силата се смирува и движењето престанува, предметот се враќа во етер (форма на “атомскао распаѓање”). Луѓето можат да го користат овој процес за да:
- Да издвојат дел од материјата во етерот
- Да создадат се што сакаат со добиената материја и енергија
- Да ја изменат големината на Земјата
- Да го контролираат времето
- Да го управуваат патот на земјата низ вселената како вселенски брод
- Да предизвикаат судар на планети, за да се создадат нови ѕвезди, топлина и светлост
- Да започнат и развијат живот во бесконечни форми
Тесла зборува за неограничена енергија добиена од животната средина. Претворањето на енергијата во поголема сила, која ќе постигне повеќе работа за истото време и ќе дава надпросечни резултати.