Семејство во Калифорнија е завиено во тага, откако нивната сакана свиња по име Принцеза (анг. Princess), која била пријавена за исчезната, ја заклал нивниот сосед.
Свињата залутала малку подалеку од нејзиниот дом, каде што била чувана како миленик во семејството Хоган, во Арката, Калифорнија, а подоцна била забележна во дворот на соседот.
Шефот на полициската станица во Арката, Брајан Аерн, кога ја пронашол свињата, таа немала никакви ознаки за идентификација, па се договорил со човекот кој бил во близина да ја причува, додека тој ги пронајде нејзините сопственици.
Но, наместо да се погрижи за свињата, човекот решил да ја претвори во вечера. Кога се вратила полицијата, Принцезата веќе била заклана и исечена на парчиња месо.
“Бевме потполно шокирани и изненадени кога дознавме дека свињата била заклана. Човекот воопшто не покажуваше знаци дека би го направил тоа.”- изјавил Аерн.
Тод Доквејлер, заменик во полициската станција изјавил дека во полицијата често добива повици за пронајдени изгубени миленици, па не е невообичаена работа, туку навика, оние што ја пронашле да ги замолат да ги причуваат милениците додека бидат пронајдени и додека да дојдат сопствениците на истите и досега никогаш немало никаков проблем во врска со тоа.
За гладниот сосед велат дека најверојатно ја убил свињата веднаш откако шефот Аерн заминал, судејќи по тоа дека би му требало повеќе време за целиот процес.
“Случајот е навистина бизарен. Свесен беше дека свињата не е негова и нормално дека немаше право да го направи тоа”- изјавила полицијата.
Семејството е крајно разочарано и вознемирено, покрај од постапката на соседот и од самата неодговорност на полицијата.
“Си зедоа за право да ја остават нашата Принцеза со некој непознат. Таа беше многу мирна и слатка. Никогаш не беше агресивна.”- изјавило семејството, кое сега непрестано тагува по својот загубен миленик.
И останатите жители се прашувале зошто едноставно полицијата кога ја пронашла, не останала со свињата, па телефонски да побарала од одделот да ги пронајде и контактира сопствениците, туку ја оставиле со странец.