Аманда од Кент, Англија, на Твитер постирала тест по англиски и литература кој бил даден на нејзиниот син. „На мојот син му дале спелувања од училиштето кои треба да ги научи. Во моментов се држам за глава и воздивнувам.“
Домашната задача, осмислена да им помогне на учениците од шесто одделение да ги унапредат своите познавања на граматиката на англискиот јазик, им била предадена со следната порака: „За домашна работа, секоја недела ќе ви праќам шест зборови од препорачаниот тест, кој потоа ќе го земам следната работа“.
Се чини дека наставникот мислел да напише „недела“(week), но се збунил и напишал „работа“(work).
Пораката продолжува со следните зборови:
„Ве молам помогнете му на вашето дете да ги научи овие зборови, затоа што ќе направи голема разлика.“
Во коментарите на нејзиниот пост на Твитер луѓето го изразуваат своето неверување за некомпетентноста која доаѓа од кадри кои треба да се најкомпетентни по тоа прашање, а еден член споделува дека „истото се случува и со домашната задача на девојчињата, печатена од онлајн извори, полна со грешки.“
Од друга страна, други ја обвиниле дека употребила Фотошоп, само за да го посрами наставникот, на што таа одговара:
„За жал, ова е целосно автентично. Беше залепено во тетратката за домашна работа по литература на мојот десетгодишен син. Ако мислиш дека е лажно, тогаш тоа е твоја претпоставка. Но не е. Не ми е грижа ако мислиш дека е лажно. Не посрамив никого, затоа што не спомнав имиња, ниту на наставникот, ниту на училиштето, и очигледно нема да го сторам тоа на социјален медиум, но се разбира ќе појдам во училиштето и ќе прашам зошто ми беше пратено нешто полно со грешки.“
Што е причината за падот на квалитетот на образованието, како што се чини, во целиот свет:? Дали интернетот наместо да ја зголеми нашата ефикасност, ја зголемува нашата мрзливост и негрижа?