16-годишно момче си го отсекло пенисот и за малку ќе ја убиело својата мајка, откако претходно пушел „сканк“. Младото момче во креветот легнало со нож, затоа што се плашело дека има луѓе кои што живеат во неговиот ѕид. Тој се разбудил доцна во ноќта и ја пробол мајка му со нож, а потоа си го отсекол пенисот како последица од овој психотичен напад од овој вид на канабис.

Неговиот татко, кој се претставува само како Ник, во интервју со новинар од Би-Би-Си, раскажал како неговиот син бил ведро момче и спортист пред да почне со консумирање на дрогата.

Ник вели: „Тој почна со обичен канабис, а потоа се префрли на сканк. Првин само го чуваше за дилерите и така се запозна со оваа дрога. Почна да халуцинира, спиеше со рекет за тенис, затоа што мислеше дека луѓе живеат во ѕидовите. Еднаш моравме да го исфрлиме од дома и тој спиеше во шупата во градината, затоа што не можевме да комуницираме со него повеќе.“

Момчето им објаснувало на родителите дека обичниот канабис повеќе не го чувствува и дека сканк е вистинскиот лек за него. Тој исто така ги убедувал и дека сирените постојат.

Моментално момчето е во психијатарска болница и тој воопшто не се сеќава на инцидентот. Направени му се неколку операции за да можат повторно да му го вратат половиот орган, но неговиот татко вели дека ќе бидат потребни уште третмани.

Ник вели дека неговиот син повторно се враќа во нормала па дури и користи црн хумор за да се пошегува на своја сметка.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено