Лесно можете да се излажете дека овие портрети се фотографии, но верувале или не, тие се всушност цртежи, дело на италијанскиот уметник Емануеле Дашанио. За завршувањето на некои од нив биле потребни над 780 работни часа, и лесно е да се види зошто кога ќе ги погледнете неверојатно реалистичните дела на ументикот. Тој ги црта комбинирајќи јаглен и графит, а субјектите често се осветлени со еден единствен извор на светлина што на делата им дава извесен ренесансен квалитет.

Но, ова не е случајно совпаѓање, бидејќи Дашанио ги совладал ренесансната техника на сликање во масло која ја користеле старите мајстори од Ренесансата со помош на италијанскиот сликар Џанлука Корона. Потоа новостекнатото знаење го искомбинирал со својот сопствен стил за да создаде прекрасни портрети кои совршено ги мешаат класичното минато со современоста.

sl01 sl02 sl03 sl04 sl05 sl06 sl07 sl08 sl09 sl10 sl11 sl12

Сподели на Facebook
пати видено