Италијанскиот уметник Алесандро Диди прави неверојатни 3Д цртежи со помош на молив а понекогаш и со помош на одредени реквизити, како што се неговите раце, за да создаде анаморфна уметност која оживува, кога ја гледате под одреден агол.
„Со моите цртежи сакам да пренесам порака дека окото може да го измами умот и да ве увери дека има димензии кои што не постојат,“ вели Алесандро. Очигледно е дека на Диди не му се потребни многу ресурси за да ги направи овие илузии. Како што вели и самиот: „ Се што вие потребно е молив, хартија за цртање и можете да создадете нешто волшебно.“