Во средината на 1960-тите години, една храбра млада Италијанка, киднапирана и злоставувана една недела се спротивставила на вековната сицилијанска традиција силувачот да се ожени со својата жртва за да ја „врати“ својата чест и честа на семејството. „Јас не те сакам“, изјавила таа на суд, „Јас нема да се омажам за тебе!“. На крајот таа победила!
Франка Виола беше најстарото дете на земјоделците во руралниот сицилијански град Алкамо, Италија. Во 1963 година, кога имала само 15 години, таа се свршила со локално момче, осум години постаро од неа Филипо Мелодиа, внук на локалниот мафијаш. Кога Мелодиа бил уапсен за кражба Франка ја раскинала свршувачката, а младиот мафијаш ја напуштил државата.
Кога се вратил во 1965 година тој се обидувал повторно да влезе во животот на убавата Франка, но таа сега била во врска со друго момче, Џузепе Руиси. Филипо ја молел, ја прогонувал ѝ се заканувал, но таа го одбивала. Утрото по Божиќ Филипо заедно со неколку негови другари влегов во домот на Франка, ја претепал нејзината мајка и ја однел девојката и нејзиниот 8-годишен брат кој не сакал да ја пушти ногата на неговата сестра.
Тој го пуштил детето, но Франка ја однел на далечна фарма, каде што ја држел осум дена и ја силувал. Филипо ѝ велел дека таа ќе мора да се омажи со него за да ја врати честа на нејзиното семејство. Мелодиа верувал дека законот е на негова страна, а така и било.
Членот 544 од италијанскиот кривичен законик признавал еден вид на брак, matrimonio riparatore, со кој се простува злосторството на мажот и со брак се враќа на „оштетената“ жртва нејзината чест и честа на нејзиното семејство. Ако таа одбие да се омажи за нејзиниот силувач и киднапер, младата жена ќе биде виктимизирана како непожелна за мажење и виновна за нејзините несреќни околности.
Нејзиниот татко и полицијата успеале да ја ослободат Виола на 2 јануари 1966, а го уапсиле и нејзиниот киднапер. Како што се и очекувало Филипо и понудил matrimonio riparatore а таа го одбила. Освен тоа со целосна поддршка од семејството, пријателите и нејзиното момче Виола го тужела за киднапирање, телесното насилство и заплашување. Таа била првата жена која се спротивставила на овој закон.
Нејзиното семејство примало смрттни закони, им ја запалиле колибата и лозовите насади. Судењето на Мелодиа го привлекло вниманието на целиот свет, дури и Њујорк Тајмс го покривал настанот. Во мај 1967 година Мелодиа бил осуден на 11 години затвор, а неговите соучесници на 4.
Во 1968 година Франка се омажила за Џузепе и имаат два сина и денес живеат во Алкамо. Приказната за тивката феминистка е раскажана во најмалку два филма, La moglie piu bella (The Beautiful Woman) во 1970 година и Виола, Франка (2017). Членот 544, со кој се дозволува силувачот да се ожени со својата жртва за репарација, конечно бил укинат во 1981 година.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.