48-годишниот Гери Хоџкис, ИТ консултант во британското МВР, бил фатен од „ловци на педофили“ откако се обидувал да се сретне со 12-годишно девојче за секс, во Манчестер. Тој допатувал од Лондон и не бил свесен дека всушност се допишува со возрасна личност, која била од тимот на одмазниците. Од министерството објавиле дека неговиот работен однос е прекинат.
Портпаролот изјавил: „Министерството за внатрешни работи очекува највисоки стандарди за личен интегритет од надворешни изведувачи. Ние сме во процес на раскинување на договорот на овој поединец со непосреден ефект. Би било несоодветно да се коментира понатаму за тековната полициска истрага.“
Членови на групата на ловци на педофили „Темно светло“ го опкружиле возилото и почнале да му зборуваат додека пренесувале во живо на Фејсбук. Гери кој мислел дека се допишува со мало девојче ѝ пратил порака дека ќе изнајми хотелска соба, каде што ќе можат да ја поминат ноќта. На крајот педофилот е уапсен од страна на полицијата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!