Кога 39 членови на култот на Рајските Порти биле најдени мртви како последица на масовно самоубиство во 1997, секој од нив кај себе имал багаж и пари за меѓуѕвезденото патување на нивните души. И покрај тоа во што верувале, смртта во нивниот случај била крајот, а не почетокот на едно долго бизарно патешествие полно со вонземјани, НЛО и енигматски водачи.

Маршал Ејплвајт

k01

Секој култ се формира околу манипулативен водач и Рајската Порта не е исклучок. Додека Маршал Ејплвајт закрепнувал од срцев удар и наводно имал искуство на блиска смрт во седумдесеттите, почнал да верува дека тој и неговата негувателка Бони Нетлис биле двајцата сведоци спонати во библиската книга на Откровението.

Бо и Пип

k02

Ејплвајрт и Нетлис – користејќи повеќе псевдоними, меѓу кои Бо и Пип и До и Ти – почнале да патуваат низ САД ширејќи елементи на христијанското учење комбинирани со научнофантастични мотиви како патување низ вселената и други димензии и светови.

Лидерот

k03

Бидејќи Ејплвајт, лидерот на култот, верувал дека е директно поврзан со Исус, и Нетлис верувала дека е Божји гласник, но во најраните години двојката успеала да привлече само еден верник.

Рајската порта

k04

Како што култниот пар патувал, култот бил нарекуван со разни имиња, меѓу кои Човечка индивидуална метаморфоза и Тотално анонимни победници, за на крај да се задоволат со името Рајска порта, по шго, патувајќи низ Калифорнија и Орегон, се стекнале со значителен број следбеници.

Култот во акција

k05

Култот минал низ неколку идеолошки промени со текот на годините, но главната идеја била дека Земјата ќе биде „рециклирана“ од страна на вонземјаните кои ја основале цивилизацијата на неа. Со христијански термин, тие верувале дека ќе се случи крајот на светот.

НЛО-а и вселенски бродови

k06

Во нивните верувања биле вброени и НЛО-а и вонземјани. Според еден од митовите во кои верувале, група вонземјани на чело со До и Ти се овоплотиле во човечки тела на Земјата. До, т.е. Ејплвајт, станал Исус Христос, а членовите на култот биле загубените членови на екипажот на вонземјанскиот вселенски брод.

Членовите на култот

k07

Од членовите на култот се барало да се откажат од нивните овоземна сопственост, нивните лични животи и на крајот, од нивните човечки „возила“, т.е. од сопствените тела. Доведувајќи ја оваа идеја до крајност, осуммина мажи од групата вклучувајќи го и Ејплвајт отпатувале во Мексико за да се подложат на кастрација. Членовите на Рајскта порта се надевале дека со аскетски начин на живот ќе се издигнат на „следното ниво“ и ќе ја напуштат Земјата пред таа да биде збришана.

Сајберсектантски култ

k08

Култот бил еден од раните корисници на интернет. Во раните деведесетти групата заработувала со изработка на професионални веб страници преку нивната компанија „Виш извор“. Своите верувања исто така ги ширеле преку специјално посветена веб страница и на тој начин регрутирале нови членови.

Манастирот на култот

k09

Членовите носеле еднаква црна облека со мандарински јаки и живееле целибатски живот во џиновска куќа во Сан Диего која ја нарекувале манастир.

Хејл-Боповата комета

k10

Кога Хејл-Боповата комета се приближила блиску до Земјата во 1997, централниот систем на верување на култот тргнал во трагична насока. Ејплвајт почнал да им зборува на членовите дека кометата била Ти, или Бони Нетлис, коосновачот на култот. Членовите на култот поверувале дека Нетлис допатувала со вселенски брод за да ги собере нивните души штом ќе се ослободат од нивните човечки школки, т.е. од нивните тела.

Мзсовно самоубиство

k11

Кога кометата се приближила, Ејплвајт почнал да ги подготвува членовите за масовно самоубиство и „рециклирање на Земјата“. Водачот на култот снимил повеќе видеа, кои подоцна биле најдени од полицијата, во кои објаснувал дека смртта е „единствениот начин да се евакуира Земјата“.

Тим за евакуација

k12

На 26 март 1997, Рио ДиАнџело, член на култот кој бил избран да остане на Земјата и да ја шири пораката на култот, пристигнал во куќата во Сан Диего и ги нашол 39-те мртви тела. Сите членови, вклучувајќи ги и Ејплвајт извршиле самоубиство и биле облечени во црни маици, тренерки и нови црни Најк патики, а на рацете имале ленти на кои пишувало „Тим за евакуација на Рајската порта“

Методот

k13

Самоубиството го извршиле голтајќи фенобарбитал измешан со јаболков сос или пудинг, заедно со вотка. Потоа преку главите си врзале пластични кеси за да го забрзаат процесот преку задушување.

Телата

k14

Кога властите ги нашле телата, секое од нив било уредно легнато на својот кревет со виолетова ткаенина врз главата. Секој од членовите крај себе имал 533 долари, како и багаж за посмртниот пат во вселената.

Години подоцна

k15

После речиси две децении, наследството на култот на Рајската порта сѐ уште опстојува, главно преку интернет, односно преку нивната веб страница која содржи стотици аудио и видео ленти снимени од членовите во осумдесеттите и деведесеттите.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено