Секој ден се соочуваме со хаос во нашите живти. Можеме да избереме да се бориме против него, да го игнорираме или да го прифатиме. Јас решив да го прифатам во својата уметност.
Мојата уметност ја создавам поради мојата врска со хаосот; во уметноста и животот, се пробивам низ хаосот за да видам на кој начин функционира. Секогаш се трудам да ги поправам ситуациите во животот, па така во мојата уметност, искупувањето се јавува како значење, убавина и фасцинација.
Моето студио е доста активно: истурам прскам и цртам. И потоа седам и гледам. И потоа употребувам пофини алаткиза да ги ослободам сликите кои секогаш биле таму. Јас сум таму секој ден и ги земам со себе хартиите, мастилото и „китот за хаос“, каде и да одам. Бескрајно сум фасциниран од новата техника којашто ми овозможува да си играм во оваа врска „поттурни-повлечи“.