Во летото, 2011 година, група научници од целиот свет спровеле најпродлабочено, детално истражување за атмосферската хемија, што некогаш било спроведено, во борова шума во Колорадо. Членовите на тимот дури и создале нови мерни уреди за проектот. Откако конечно ги распоредиле добиените податоци, тимот пред неколку дена објавил сеопфатна синтеза на нивните резултати.
„Целта беше да се разбере хемијата поврзана со органски честички во шумска средина. Различните групи земаа многу различни мерења користејќи најсовремени инструменти што ги имавме развиено.“, изјавил во соопштението за печатот професор на МИТ по Инженерство на животната средина и хемиски инженеринг, Џеси Крол.
Овие органски соединенија играат критични улоги во различни атмосферски хемиски процеси кои влијаат врз здравјето на екосистемот, квалитетот на воздухот и климата. Меѓутоа, делумно затоа што овие соединенија функционираат во оваа сложена средина во реалниот свет, многу од овие процеси остануваат слабо разбрани и никогаш не биле толку ригорозно избрани, проучувани и квантифицирани на една локација пред тоа. Истражувачите обезбедиле многу поцелосен попис на атмосферските органски соединенија и откриле дека приближно една третина од оние претходно неизмерени се средно-нестабилни и полу-испарливи органски соединенија (IVOC и SVOC).
Многу е тешко да се добијат прецизни мерења на органските соединенија. Дрвјата и друга вегетација постојано емитуваат огромен спектар на различни органски соединенија кои се разликуваат во нивните физички својства, хемискиот состав и нивната способност да реагираат хемиски со други соединенија. Понатаму, многу соединенија почнуваат да оксидираат штом доаѓаат во контакт со воздухот, експоненцијално зголемувајќи го бројот и разновидноста на соединенијата во атмосферата.
„Преку спојување на податоците од сите овие инструменти во еден комбиниран сет на податоци, ние можевме да ги опишеме органските соединенија во атмосферата на посеопфатен начин отколку што било можно, за да откриеме што навистина се случува.“, изјавил Крол.
И покрај овие значајни резултати, истражувачите истакнуваат дека има уште многу да се направи. Податоците обезбедуваат детален профил на количествата на различни соединенија со текот на времето, но не ги идентификуваат точните патишта и реакции кои предизвикуваат соединенија да се трансформираат. Овој тип на анализа бара директни студии во контролирани лабораториски услови и е во тек во разни лаборатории низ целиот свет.