Колку често сте се нашле во ситуација каде што целосно сте зависеле од љубезноста на другите луѓе? Автомобилот ви се расипал на патот?
Сте се изгубиле во непознат град? Некој треба да ви позајми телефон за да се јавите? Ова се само неколку примери на ситуации каде што нема да можете да го решите проблемот доколку некој не ви помогне.
Неодамна, научниците во Science journal спроведоа експеримент што ги чинеше околу половина милион долари
Идејата е доста едноставна. 11 мажи и 2 жени патувале во 355 главни градови во 40 земји каде што „изгубиле“ 17.000 паричници. Главната цел била да се види како различно граѓаните во секоја земја одговорараат на изгубен паричник. Дали ќе го вратат? Дали ќе ги задржат парите? Кои се причините за нивните постапки?
Во експериментот биле користени два вида на паричници, еден имал клуч и без пари, друг имал пари и клуч.
Овие паричници содржеле листи за пазарење напишани на мајчин јазик, визит-картички со име на сопственикот и е-маил напишан на нив, пари и клуч. Просечната сума на пари во паричникот изнесувала 13,45 долари во валутата на земјата, а неколку земји (Велика Британија, Полска и САД) имало поголема сума од 94,15 долари. Како што споменавме претходно, имало и паричници кои немале пари, но имале клуч.
Еве го графиконот кој прикажува како различни земји одговорија на овој експеримент
Како што е прикажано на графиконот, жолтата точка го симболизира процентот на паричници без пари во нив кои се вратени, а црвената точка го покажува процент на вратени паричници кои содржат пари во нив. Скандинавските земји го поминаа експериментот со враќање на најголемиот износ на изгубени паричници. За жал, земјите како Кина, Мароко, Перу и Казахстан имаа најмала стапка на враќање.
Имаше неколку фактори кои влијаеа на начинот на кој луѓето реагираа на изгубениот паричник – истражувачите откриле дека паричниците кои имале клуч почесто се враќале од оние без клуч, што главно има врска со луѓето, мислејќи дека клучот има поголема вредност на сопственикот.