Според Виченте Фуентес, активен и страсен истражувач, под мразот на Антарктикот има барем една голема пирамида. Тој тврди дека сателитската снимка би можела да докаже дека на главниот гребен на Антарктикот има пирамидална структура. Ова би значело дека во далечното минато, кога Антарктикот бил многу поразличен од тоа каков е денес, дека можеби се развиле древни цивилизации на сега замрзнатиот континент, оставајќи зад себе величествени градби кои раскажуваат за некои поинакви времиња, кога нашата планета била населувана од разни цивилизации испуштени од историјата и конвенционалните истражувачи.

pr01

Во видеото, Фуентес ги опишува главните карактеристики на пирамидата, како и на други градби кои можат да се лоцираат на огромните ледени површини, споредувајќи ги со Големата пирамида во Гиза. Координатите на оваа аномална структура се 79°58’39.25″S / 81°57’32.21″O.

Идејата дека има пирамиди скриени на Антарктикот се провејува неколк децении. Иако скептиците сѐ уште се сомневаат, сугерирајќи дека овие структури не се ништо повеќе од природни феномени, сателитските снимки даваат повод да се размислува за ова. Според истражување од 2009 година, научникот кој го истражувал ледениот континент собирајќи примероци наишол на честички од полен, што сугерира дека екосистемот на Јужниот Пол во минатото бил различен, и дека летната температура достигнувала до 20 степени целзиусови.

„Пред 100 милиони години, Јужниот Пол бил покриен со раскошни дождовни шуми слични на тие кои денес ги има во Нов Зеланд“, вели д-р Ванеса Боумен.

Во 2012 година, друг истражувачки тим успеал да идентификува 32 бактерии и 2800 години стари халофилни микроби во примероци од водата на езерото Вида. Според истражувачите, континентот во минатото се наоѓал на север и доживеал температурна промена. Наводно тој бил прекриен со шуми и бил населуван од најразлични форми на живот. Тоа значи дека на Јужниот Пол во минатото можеби живееле и луѓе, исто како што живееле на просторот на Африка, Европа и Азија. Ова се разбира се смета за неверојатно од страна на мејнстрим научниците.

Но сепак, египтолозите долго се сомневаат дека египетската Сфинга е многу постара отколку што порано се верувало, при што некои сметаат дека стара дури 10 000 гоини. Овие теории се поткрепени од откритието на траги водна ерозија на џиновската Сфинга, што научниците ги наведува на заклучок дека во далечното минато се случила екстремна климатска промена. Тоа значи дека ако такво нешто се случило во Африка и други краишта во светот, истото можело да се случи и на Антарктикот.

Покрај тоа, митовите и шпекулациите за Terra Australis (Јужна Земја) потекнуваат уште од антиката. Околу 350 г. пр.н.е. Аристотел пишува за тоа, а Марин од Тир, старогрчки географ, картограф и математичар, го употребл токму тоа име на една негова карта на светот од 2. в. н.е. Луѓето во древноста верувале дека постои копнена маса наречена Тера Аустралис – џиновски континент лоциран на јужниот дел на планетата, која била таму за да обезбеди „рамнотежа“ со северните краишта на Европа, Азија и Северна Африка.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено