Дали сте имале кошмари во кои се обидувате да се разбудите, но не можете? Пред околу 100 години, за милиони луѓе, таков кошмар стана реалност. Светот беше опфатен од епидемија на летаргичен енцефалит или спиечка болест.
Луѓето одеднаш се вкочанувале – со лажичка за вечера на устата или со книга на клупата во паркот. Тие останале заклучени во нивните тела, како морничави статуи. Дури 5 милиони луѓе починале од оваа болест, а сепак многу малку се знае за неа.
За прв пат летаргичен енцефалитис се појавил во 1915 година во Франција, Верден. Австрискиот психијатар и невролог Константин фон Еконо ја опишал болеста. Во 1916 година започнала вистинска епидемија во Австрија, која брзо се проширила во Западна Европа и САД, а потоа и во целиот свет.
Епидемијата беснеела 10 години, а потоа како што одеднаш се појавила, почнала да опаѓа. Сепак, болеста не исчезнала: некои случаи долго време се забележувале во различни делови на светот.
Периодот на епидемијата на спиечката болест падна на годините на Првата светска војна. Тоа се совпадна со „шпанскиот грип“ – најголема масовна пандемија на грип во историјата на човештвото, во која починале повеќе од 50 милиони луѓе. Можеби тоа е причината зошто спиечката болест не е толку добро позната.
Првите жртви на болеста биле војници. Отпрвин го обвинувале гасот кој го пуштале Германците, но откако се разболеле војници од двете страни и останатите луѓе, тогаш лекарите го покренале алармот. Станало јасно дека човештвото се соочува со нешто како вирус, но никој не знаел како да се бори против него.
Болеста се манифестира на различни начини, обично почнувајќи, како обичен грип, со треска, слабост и главоболка. Во некои случаи, пациентите веднаш се вкочануваат, заобиколувајќи ја акутната фаза. Повеќето од случаите биле во возрасната група од 15-35 години. Помалку од една третина биле во можност да закрепнат, а околу 5 милиони починале од спиечката болест.
Оние кои останале живи или останале неподвижни или пак имале неконтролирани напади на врескање, лаење, мрморење, гласно пеење. Некои умирале во „сон“, додека пак други не можеле да спијат потоа со недели, ниту пак да јадат и нивното лудило ги водело до смрт.
Веројатно, Адолф Хитлер бил болен од летаргичен енцефалит. Познато е дека тој страдал од тремор, сличен на симптомите на Паркинсонова болест. Некои истражувачи веруваат дека треперењето во рацете – последица на неговата болест и нарушувањата на мозочната активност влијаеле врз неговите одлуки во иднина.
Според научниците најверојатно, летаргичниот енцефалитис е вирус. Болеста се пренесува од личност до личност преку воздухот. Пациентот во акутната фаза е изолиран, при што се применуваат лекови кои се користат при Паркинсонова болест.
За појава на летаргичен енцефалитис, со децении нема информации. Последниот познат случај на спиечката болест, кој, наводно, се случи во Казахстан во 2014 година, не беше потврден. Во селото Калачи, околу 130 луѓе од 500 жители одеднаш почнаа да заспиваат со денови, па дури и со недели. Точно, потоа се разбудија како ништо да не се случило.
Се покажа дека рудниците за ураниум, кои работеле за време на советско време, се наоѓале само неколку километри од селото, станале извор на јаглерод моноксид, од кој локалните луѓе биле поспани.
Во современата култура не постојат премногу референци за спиечката болест. Најпознатата од нив е филмот Awakenings, во кој Роберт Де Ниро мајсторски ја отелотворуваше сликата на замрзнатиот човек, а Робин Вилијамс – срамежлив лекар и научник кој бара начини да ги врати своите пациенти во нормална состојба.
На почетокот на дваесеттиот век, научниците земале примероци од мозокот на пациент со летаргичен енцефалит со надеж дека идните научници ќе ја решат оваа мистерија, сепак ниту денес научниците не знаат од каде потекнува болеста и како да се запре доколку пак почне да се шири.