За време на својата прошетка, едно куче излегло од грмушките со огромна секс играчка во неговата уста. Имено, лабрадорот Галакси бил на прошетка со своите придружници Ејми Браун и Натали Фергусон од Њутн-ле-Вилоус, Англија, кога го нашло ова гумено помагало. И за ситуацијата да биде посмешна, кучето не сакало да ја остави секс играчката.

gl01

„Никогаш не сум видела вакво нешто во мојот живот“, вели 31-годишната Натали. „Не можев ни да прозборам, бев шокирана. Галакси очигледно нема поим што е тоа и си трчкаше наоколу како да е најнормалното нешто на свет.“

gl03 gl04

Кога се вратиле дома, Ејми Харисон, сопственичката на кучето, веднаш ја фрлила „играчката“ во канта. Но, кога се вратил нејзиниот сопруг Сти, намислил нешто друго.

Но, не, не е тоа што можеби си мислите. Неговиот фудбалски клуб Вулкан организирал голф турнир во добротворни цели, па така откритието на Галакси им послужило како трофеј на победниците, а тоа биле токму Сти и неговиот партнер во игра Били Џонсон.

gl05

Впечатливиот „трофеј“ сега е изложен во пабот Воргрејв, заедно со другите трофеи освоени од фудбалскиот клуб, чиишто играчи се чести посетители во клубот.

Сподели на Facebook
пати видено