Поранешната јапонска порно ѕвезда откри дека плачела на снимањето откако камерите се гаселе. Емири Оказаки, од токио, почнала да работи во филмови за возрасни кога наполнила 21 година, откако сфатила дека е малку веројатно дека некогаш ќе го оствари својот сон да стане познат модел и телевизиска актерка.

Таа во интервју открива дека ја плаќале околу 6.000 долари за едно снимање, а таа снимала по околу 28 филмови месечно. Сепак, профитабилната кариера, исто така, се покажа катастрофална за нејзините лични односи. Нејзината мајка не и зборувала 6 месеци, а мајката на нејзиното момче се обидела да ги раздели.

Емири, која сега има 27 години вели: „Тешко е да се објасни, но тоа е како повеќекратни емоции веднаш ме удираа и плачев. Всушност има многу девојки кои плачеле додека снимале. Во мојот случај, замислував дека не е вистинско, туку дека сум актерка што ја игра нејзината улога во филмот. Значи, не плачав додека снимав, но откако сè беше завршено и ќе се вратев дома, одеднаш почнував да плачам. Имав такви мешани емоции. Не бев сигурна зошто плачев.“

Емири, која се повлекла од индустријата и сега има свој бизнис за убавина, открива дека работела заедно со актерки од различни потекла, вклучувајќи ги и оние од богатите семејства кои дипломирале на „добро познати универзитети“. „Тие велат дека мал дел од причините зошто го прават тоа е да заработат пари, но главната причина зошто го прават тоа е затоа што се љубопитни.“, објаснува таа.

Емири опишува како таа првично се чувствува „виновна“ за нејзината одлука да влезе во порнографија: „Се чувствував малку виновна иако знаев дека не правам ништо лошо. Но, се чувствував лошо за моите родители, иако знаев дека е целосно моја одлука. Сѐ уште чувствував како да се извинувам. Овие семејни прашања навистина ме погодија ментално. Бев под стрес и повеќе загрижена за мајка ми отколку за работата.“

Исто така работата ѝ предизвикала проблеми со тогашното момче, кое претело дека ќе ја убие: „Без шега тој се закани дека прво ќе ме убие и потоа ќе се самоубие. Имаше моменти кога имаше нож директно насочен кон мене.“

Таа објаснува дека постојат два главни типа на договори за женски порно ѕвезди. Првата опција е годишен договор за еден филм месечно, со што актерката заработува помеѓу 10.000 долари и 100.000 по филм. Вториот е договорот за „плати-на-снимање“ во кој актерката се плаќа во зависност од работата што е потребна за даден филм.

„Ова би било 2.000 долари до 6.000 долари за едно снимање“, продолжи Емири. „Тоа речиси како да станува дневна работа. Тие би можеле да ве замолат само да ги покажете вашите гради. Тоа може да чини 150 или 110 долари.“

Емири проценува дека постојат неколку „неколку илјади“ различни жанрови на порнографија: „Училишно порно, женски перверзни – каде што девојката ќе биде онаа која го малтретира момчето – С & М, силување. Постои серија наречена „Ох, јас сум заглавена“. Како што има девојка која е заглавена во вратата на лифтот и не може да се движи. Постои уште една серија која се нарекува ‘сопри го времето’. Тоа би било како трес, трес, трес, трес, а потоа времето одеднаш ќе застане, а ти мора да бидеш тивка … Претпоставувам, бидејќи Јапонците се навистина перверзни.“

Кога ја прашале ккаов совет би им дала на жените кои сакаат да станат порно актерки, таа одговорила: „Ова може да звучи навистина очигледно, но колку сте помлади, толку помалку размислувате за последиците. Па мислам дека е подобро да размислиме. Сум видела толку многу пријателки кои жалат што го направиле тоа.“

Сподели на Facebook
пати видено