Нил Тведи поставил скриена камера во неговиот дом за да може да ја сними сопругата додека физички го напаѓала. 45-годишниот маж бил малтретиран од сопругата Хелен од 2005 година, вклучувајќи го и нападот на нивната прва брачна ноќ во 2008 година, на која што Хелен го клоцала, удирала, го задушувала со душек, пред да го остави да спие на каучот.
Адвокатот на Нил, Џејмс Стрит, пред судот изјави дека наставничката Хелен Тведи „имала значителни проблеми со менталното здравје“, предизвикани од консумирање на алкохол. Нил решил да ја пријави сопругата откако малтретирањето продолжило и по раѓањето на нивната ќерка, која сега има четири години. На снимките се гледа дека во период од два месеци Хелен три пати го нападнала Нил така што го удирала по главата додека кажувала пцовки, а еден од инцидентите се случил и пред нивната ќерка.
Двојката која се запознала пред 16 години им изгледала среќно на пријателите и семејството. На фотографиите на Фејсбук се гледа дека заедно оделе на одмори во Амстердам и на Закинтос. Исто така по коментарите на Фејсбук кои ги пишувала Хелен двојката изгледала прилично „среќна“.
Хелен добила забрана за контактирање со нејзиниот сопруг, како и 120 часа неплатена работа, поради тоа што можеле да се докажат само последните три напади. Нил кој изјавил пред судот дека морал да ги сними инцидентите затоа што се плашел дека никој нема да му поверува на приказната, изјавил: „Хелен е фантастична и брилијантна наставничка и работи од утро до вечер. Многу напорно работи. Проблемот беше само алкохолот. Беше однесена во болница двапати оваа година и можеше да умре од тоа. Нешто мораше да се смени. Се надевам дека ќе ја добие потребната помош.“
Една третина од жртвите на семејно насилство се мажи, според истражувањето на Иницијативата за човештвото од 2017 година, хуманитарна организација која им помага на мажите да избегаат од домашно насилство. Истражувањето, исто така, покажа дека машките жртви, три пати почесто од женските жртви не кажуваат никому за злоупотребата.