Човекот се повеќе го менува лицето на планетата. Трансформациите, исто така, влијаат врз него, иако тој често не е свесен за ова, но се однесува како вистински потрошувач во однос на кревката и нежна природа.
Овие илустрации ја претрасуваат суровата реалност, за тоа што правиме и што не чека доколку продолжиме на овој начин да се однесуваме со природата.
Човекот „внимателно“ го менува лицето на Природата, убедувајќи ја дека убаво ѝ стои
И не сфаќа колку ѝ е тешко да го вдишува тој чад
Тој зема сѐ што му треба без да размислува за последиците
Ја загадува планетата
И не се обидува да ги штеди ресурсите за кои Природата толку се мачи да ги врати
Сите подароци од Природата, Човекот ги зема здраво за готово и не се грижи за иднината
И дури кога Природата веќе ќе почне да вреска наместо да застане и да размисли…
… Човекот воошто не се срами од своите постапки
И продолжува да ја ограбува Природата под маската на љубовта и желбата за „посветла иднина“
Но, и покрај сè, Природата, како навистина заљубена девојка, продолжува да му помага на човекот да ги исправи своите грешки и да чекори покрај него, држејќи го за раката