Овој германски овчар покажува дека тој е навистина најдобриот пријател, откако подготвил огромно добредојде за враќањето на неговиот сопственик од вооружените сили. Видеото снимено во Фајетвил, Северна Каролина ја опфаќа сцената во која ентузијастичното куче се фрла во прегратките на неговиот сопственик.
И чувството беше сигурно взаемно, бидејќи и војникот е подеднакво среќен што го гледа неговиот најдобар пријател. Војникот се игра со кучето и му вели: „Еј момче, како си? Ти недостасував?“ А енергичното куче како да го разбра својот сопственик и стана уште повозбудено, на што војникот му вели: „И ти на мене ми недостасуваше, добро момче“.