Агент кој се занимава со истражување на пазарот, ѕвони на вратата на една куќа. Отвора млада домаќинка, а зад нејзе ѕиркаат три мали дечиња.
– Почитувана Госпоѓо, вршам истражување на пазарот и сакам да ви поставам неколку прашања. Се согласувате ли да учествувате?
– Да.
– Дали сте слушнале за нашата компанија?
– Не.
– Сериозно? Ова е исклучително стара фирма со традиција, која ги произведува следниве производи (ги реди сите производи на компанијата, меѓу кои е и вазелинот). Вие, почитувана Госпоѓо, користите ли некој од овие производи?
– Да, да, редовно користиме вазелин.
– Каде го користите?
– Па, го користиме со мажот ми кога имаме секс.
– Ме изненадивте. Досега сите одговориле дека користат вазелин за подмачкување на врати, велосипеди, за испуканите усни, итн. Ние многу добро знаеме дека тој се користи и во сексот, но досега никој не се осмели да си признае. Ќе бидете ли така добра да ми кажете како точно го користите кога имате секс?
– Не гледам ништо срамно во тоа и со задоволство ќе ви кажам. Ја мачкам со него топката на вратата на спалната соба, за да не можат да ја отворат децата, додека ние внатре имаме секс…