Неодамна познатиот производител на женска долна облека Victoria’s Secret пушти рекламна кампања со наслов „Совршено тело“, околу која се крена галама и негодување. На рекламата беа фотографирани слаби манекенки и врз нив пишуваше „Совршено тело“. Организациите на жени од целиот свет, па дури и компанијата Dove (последната слика), решија да им одржат лекција на Victoria’s Secret за тоа како изгледа женското тело денес.