Како што западните земји и Русија подготвуваат силна офанзива против центарот на ИСИС во Рака, Сирија, терористичката група се загледува во Либија како потенцијална резервна опција за база за своите операции.

Иако ИСИС има и други свои приврзаници низ цела Африка и Блискиот Исток кои изјавуваат лојалност на нејзиниот водач Абу Бакр ал-Багдади, огранокот на групата во Сирте е единствениот којшто централното раководство на ИСИС го контролира директно. Според Вол Стрит Журнал, водачите на ИСИС во Либија наводно усвоиле слоган кој го одразува истакнатиот статус на Сирте во рамките на џихадистката организација: „Сирте нема да биде ништо помалку од Рака.“

Покрај тоа, Сирте е многу поблиску до Европа од територијата на ИСИС во Сирија и Ирак.

iis01

Влијанието на ИСИС во Сирте постепено растеше во текот на минатата година, за да прерасне во колонија на централната група, за бројот на приврзаници многу брзо да нарасне од 200 на 5000. Покрај тоа, Либија може да биде идеална резервна Локација за ИСИС, со оглед на тоа што земјата нема функционална влада и има богати извори на нафта, коишто ИСИС ги користи за да ги финансира своите операции во Сирија и Ирак, кадешто држи поголем дел од својата територија. Според известувањата, се забележуваат значителни придвижувања на луѓе на ИСИС во северноафриканската земја. Наводно во регионот се слеваат водачи на ИСИС од целиот Медитеран и сѐ се случува на ист начин како што била поставена базата во Рака.

is02

Сподели на Facebook
пати видено