Можеби изгледа како сцена од некој филм, но овие жени од Иран ги вежбаат своите потези за да станат квалитетни нинџи. Тие ракуваат со смртоносно оружје, прават салта и други акробации со кои им пркосат на гравитацијата. Девојките изучуваат Нинџутсу, боречка вештина.
Клубот е отворен во 1989 година и е со седиште во замокот Југхин, 40 километри оддалечен од главниот град, Техеран и моментално има 4.000 жени кои сакаат да станат Куноичи – женски нинџи. Тие учат како да се качуваат и да скокаат по ѕидови и како да го пресечат вратот на непријателот без да направат звук.
Инструкторката по Нинџутсу, Фатима Муамер вели дека спортот им помага на жените да направат баланс помеѓу умот и телото. Г-ѓа Муамер изјавила: „Најважната лекција во нинџутсу е почит и понизност.“
Иран има задолжителен воен рок за сите машки со наполнети 18 години и истиот трае 18 месеци, така што овие Куноичи воини можат да се покажат како многу корисни.
„Тие учат како да се почитуваат, првин да го почитуваат своето постоење а потоа и вештината која ја усовршуваат. Смиреноста е најважната лекција која што ја учат. Смртоносноста на оваа вештина не може да се одрече. Треба да бидам многу сигурна во своите ученици дека нема да ја употребат вештината за да повредат некој или да станат крадци,“ вели Фатима.
Девојките учат како да ракуваат со меч, лак, нунчаки и шурикени, мали традиционални јапонски реквизити познати како “мечеви во рака”.