Сахар Табар е иранска девојка, позната на социјалните мрежи по својата болна опсесија да личи на Анџелина Џоли, поради што направила повеќе од 50 пластични операции.
Но, девојката не застанала само на пластичните операции, туку користи шминка и Фотошоп за да личи на Анџелина. Резултатот на нејзините залагања се хорор верзија на холивудската актерка, која нема да сакате да јаа сретнете во некоја тесна уличка ноќно време.
Таа беше уапсена во Техеран по судски налог откако некој ја пријавил и се пожалил за нејзините објавуви на Инстаграм. Табар е обвинета за богохулење, поттикнување на насилство, заработување приходи со неприфатливи методи и туркање на младите луѓе во морално распаѓање. Во моментов не е познато со каква казна се соочува. Важно е да се наапомене дека Инстаграм е единствената голема социјална мрежа што е достапна во Иран.
Претходно, девојката призна дека тајната на нејзините ужасни фотогрфии не била пластична операција, туку шминка и фотошоп. Таа рече дека навистина го исправила носот, ги зголемила усните и направила липосукција, но тоа не влијаело толку многу на нејзиниот изглед. Блогерката дури објави фотографија со своето „вистинско“ лице, на кое изгледа како нормална и убава девојка.