Ова е ужасниот момент кога гостин на свадба бил застрелан од непосредна близина кога еден човек ја загубил контролата врз својот Калашников додека пукал во воздух за да прослави. Снимката е направена во Ирак, за време на една свадба и на неа се гледа како гостите ракоплескаат и бодрат за време на пукањето. Но само неколку секунди потоа нештата свртуваат во сосема неочекуван, кобен правец.

Слични случаи биле забележани и во други земји. Во јуни годинава, една млада жена била застрелана во глава при исто такво „свечено“ стрелање за време на свадба во северна Франција. Деветнаесетгодишната девојка си одела безгрижно по улицата кога ја погодил куршум испукан од автомобил во движење за време на свадбената поворка.

Сподели на Facebook
пати видено