Во канцеларијата на директорот без најава влегува жената на главниот инженер и почнува да вреска:
– До кога ќе го криете мојот сопруг!? Сите го знаат дека е курвар и пијаница. Згора на се, вчера ми се враќа дома облечен во овие женски гаќи!
Жената му ги покажува гаќите и му ги фрла на бирото. Директорот ја смирува:
– Смирете се. Сега сум во гужва, но утре ќе разговарам со него и ќе преземам мерки.
Попладнето кога директорот си тргнува од работа, ги става женските гаќи во џебот, за наредниот ден да разговара со инженерот.
Следното утро неговата сопруга му ги пегла панталоните, ги наоѓа гаќите и луто извикува:
– Зоране! Ќе престанеш ли веќе еднаш со твоите идиотски шеги?! Веќе два дена си ги барам гаќите, а тие во твојот џеб биле!