ДК Јоо од Јужна Кореја го привлече вниманието на светот преку 15 боречки вештини кои ги практикува. Тој успеал да креира своја верзија на боречка вештина, која ја нарекува WCK(Warfare Combat System). Јоо е всушност специјалист во „Система“, руска боречка вештина која во превод значи „Системот“.

Стилот на борбата е хибрид на неколку други, и се фокусира на борба со голи раце и понекогаш со оружје. Тој ги тренирал актерите во неколку акциони филмови и ги тренирал корејските специјалци.

Во интервјуто спроведено со 40-годишниот ДК Јоо, тој вели дека за да ги усоврши вештините се среќавал со експерти за секоја боречка вештина и учествувал во директна борба.

Каков вид боречки вештини практикувате?

„Практикувам различни видови на боречки вештини, вклучувајќи бокс, Кунг-фу, Вушу, Џудо, и атлетика и слично. Најважниот факт, освен моето искуство во сите видови на боречки вештини, е тоа што се запознав со експерти од секоја боречка вештина, разменував и го разбирав јадрото на секоја боречка вештина преку анализирање на предностите и недостатоците. Со цел да ги докажам движењата на боречките вештини, јас се борев со многу луѓе и имав и борбени искуства. Искуствата и учењата што ги претрпев ме прават она што сум денес.“

На почетокот на вашето спортско патување, кој ве инспирираше?

„Луѓето од сите полиња ми даваа инспирација. Ако мора да одберам еден, би можел да го одберам генералот Јоо Да Ју (俞大猷) од династијата Минг во Кина. Тој бил експерт за боречки вештини, војник, стратег, поет, пронаоѓач, механички инженер и математичар. Тој ми даде многу инспирација. Луѓето кои биле просветлени со еден принцип, можат да најдат и принципи од повеќето други работи.“

Новиот Брус Ли исто така вели дека го инспирираат секојдневни работи и обични луѓе, напоменувајќи дека и Њутн дошол до своето големо откритие откако паднало јаболкото. Што се однесува до неговата боречка вештина, тој се обидува да биде скромен и сака да им биде од корист на луѓето.

Дали сѐ уште сте инспирирани од некој посебен експерт во боречки вештини?

„Постојано се инспирирам од многу луѓе. Како што објаснив претходно, инспирациите не се ограничени само на боречки уметници, туку од сите видови на луѓе. Инспирациите не застануваат таму, туку се прошируваат и на животните, па дури и на статичните песоци. Сите нешта во светот ја содржат вистината во нив. Тој што може да ја види вистината може да го види ова во сите работи и да биде инспириран од тоа. Њутн го сфатил постоењето на гравитацијата од падот на јаболкото. Како таков, светот ни дава инспирации од сите места. Отворете го својот ум, а потоа ќе можете да ја видите вистината во сите места на светот.“

 

Објаснете што се надевате дека ќе постигнете со борбената вештина, додека станува позната низ светот?

„Никогаш не кажувам кои боречки вештини се најмоќни и прекрасни. Мојата вредност за боречки вештини е да ги почитувам сите движења. Она што го правиме треба да се почитува. WCS е само резултат на моите учења и филозофијата која ја содржи мојата мисла. Ќе бидам задоволен ако моите вредности и боречки вештини им помагаат на многу луѓе да имаат слободни движења и умови. Ова е сè што посакувам.“, вели Јоо.

Кажете ни зошто верувате дека WCS е поефективна филозофија на боречки вештини?

„Како што реков претходно, јас не верувам дека WCS е супериорен во однос на сите други движења или филозофии. Сите движења и филозофи се прекрасни. WCS е само уште една алатка за луѓето да добијат слободни движења и умови. Не постои апсолутна супериорност.“

Според него човекот кој никогаш не се откажува, верува во себе и се труди да се проучи себеси е навистина супериорен.

Сподели на Facebook
пати видено