Секој во детството имал барем една Рубикова коцка. Оваа коцка предизвикува задоволство, а понекогаш и фрустрации кај луѓето од сите генерации. Навидум едноставна, Рубиковата коцка ќе остане запаметена како омилената играчка и мозгалка. Со овие интересни факти подобро ќе се запознаете со Рубиковата коцка.
1. Во 1974 година, 30-годишниот Ерно Рубик бил професор по архитектура во Унгарија. Потоа дошол до идеја за создавање на игра базирана на геометрија за да им помогне на учениците полесно да ги разберат просторните односи. Првиот прототип на Рубикова коцка е направен од дрвени коцки и хартија. Во 1980 година, коцката била патентирана и лиценцирана од компанијата Ideal Toy, а програмерите го промениле името од Magic Cube до Rubik’s Cube, бидејќи сметале дека луѓето ќе го поврзат оригиналното име со магија.
2. Иако коцката инспирира милиони луѓе од целиот свет да најдат нови и ефикасни методи за да склопат брзо, креаторот на коцката не е меѓу нив. Во 2012 година, во интервју за Си-Ен-Ен, Рубик изјавил дека му требало повеќе од еден месец за да ја состави за прв пат откако ја измислил. По долга обука, Рубик научи да ја организира својата коцка за една минута, но ова не е големо изненадување, бидејќи денес има луѓе кои ја составуваат за 10 секунди.
3. Рубиковата коцка има шест страни со 9 коцки во портокалова, жолта, зелена, црвена, бела и сина боја. Таа има 43.000.000.000.000.000.000 можни комбинации.
4. „Манијата“ за Рубиковата коцка се ширела во 80-тите бидејќи луѓето се натпреваруваат кој ќе смисли стратегија за нејзино брзо решавање. Потоа доаѓа книгата на 12-годишниот Патрик Босерт, „Можете да ја решите коцката“, која се покажува како бестселер. Првично книгата била наменета за пријатели, но откако Патрик ја покажал на својот татко, кој бил уредник во „Penguim Books“, книгата била издадена и веднаш биле продадени над 750 000 копии.
5. За 15-годишнината од коцката на Рубик во 1995 година, Diamond Cutters International создала функционална коцка направена целосно од дијаманти во вредност од еден милион долари во тоа време. Покрај тоа, компанијата лансирала на пазарот и коцки од сребро, од кои секоја била проценета на 2.000 долари.
6. Продажбата на Рубиковата коцка секогаш одела добро, но постоеле периоди на стагнација. Во 2006 година, продажбата се зголемила откако Вил Смит ја вклучил коцката во филмот „The Pursuit of Happyness”. Сцената е вклучена во Трејлерот на филмот и продажбата повторно се зголемува. Во 2008 година околу 15 милиони коцки биле продадени низ целиот свет.
7. Дан Најтс успеал да ја сотави коцката додека скокал со падобран. Имал 45 секунди да се справи со коцката и тој успеал за 32 секунди.
8. Рекордот за најбрзо редење на коцката го држи 14-годишниот Лукас Етер кој успеал да го направи тоа за 4,90 секунди. Тој го поставил рекорд во ноември 2015 година. Друг рекорд – да ја нареди коцката со нозете, бил поставен од Јакуб Кипа кој успеал во тоа за 20,57 секунди.
9. Во 2016 година, 7-годишниот Чан Хонг Лик ја подредил коцката со затворени очи, откако претходно го запомнил распоредот. Му биле потребни 2 минути и 21 секунда за да ја изврши задачата.