Како започна приказната за Бетмен во филмовите, на кого улогата на суперхерој ја уништи кариера и зошто Вал Килмер беше исфрлен од проектот?

Луис Вилсон – филмски серијал (1943)

Првите филмови за Бетмен излегле 4 години по појавата на стриповите, кога САД влегле во Втората светска војна. Бетмен и Робин се бореле против јапонската банда, која не се срамела од расистички изрази. Главната улога била доделена на 23-годишен дебитант, кој претходно не глумел во филм. Кариерата на Вилсон на екранот била краткотрајна. Во 1954 година тој го напуштил шоу-бизнисот и почнал да работи во прехрамбената компанија General Foods.

Роберт Лори- филмски серијал (1949)

За разлика од неговиот претходник, 36-годишниот Лори бил популарен и успешно ја продолжил кариерата по Бетмен. Актерот починал во 1971 година од срцев удар. Имал 58 години.

Адам Вест – ТВ серија и филм (1966-1968)

Улогата на Бетмен го направи Адам Вест ѕвезда, но не за долго. Во 1968 година, серијата почна да пропаѓа, а Вест остана без големи улоги. Студијата не сакаа да го ангажираат актерот, во кој гледачите гледале суперхерој. До крајот на својот живот, Адам Вест глумел во нискобуџетни ТВ серии и го позајмувал гласот во цртани филмови. Актерот починал во јуни 2017 година на возраст од 88 години.

Мајкл Китон – „Бетмен“ (1989) и „Бетмен се враќа“ (1992)

Китон имал слична приказна, но со среќен крај. Улогата на Бетмен го кренала високо актерот, но колку од вас имате слушнато за Мајкл Китон пред трагикомедијата „Birdman“ во 2014 година? Таму тој ја игра ѕвездата на еден стар филм за суперхерој кој се обидува да ја врати својата поранешна слава.

Вал Килмер – „Бетмен засекогаш“ (1995)

Килмер бил прилично успешен во улогата на Бетмен и сите се сложувале дека одлично му прилега, но сепак ја прекинале соработката со него, затоа што постојано се расправал за време на снимањето и никој не можел повеќе да го поднесува.

Џорџ Клуни – „Бетмен и Робин“ (1997)

Оваа улога не му лежеше добро на Клуни и овој филм беше прогласен за најлош филм за Бетмен во историјата.

Кристијан Бејл – „Бетмен: Почетокот“ (2005), „Темниот витез“ (2008), „The Dark Knight Rises“ (2012)

Улогата на Бетмен во трилогијата на режисерот Кристофер Нолан стана тест на силата на актерот. По само шест месеци по снимањето на драмата „Машинист“, Кристијан Бејл не само што врати 30 килограми тежина, туку и направи дефинирано тело. Актерот не го ризикуваше неговото здравје залудно: првиот филм за Бетмен со неговото учество ги наполни благајните и ги импресионираше критичарите, давајќи зелено светло за следните два дела, кои беа уште посупешни.

Бен Афлек – „Бетмен против Супермен“ (2016), „Одред на самоубијци“ (2016), „Лига на правдата“, (2017)

Холивуд наскоро нема да одлучи да го повтори успехот на трилогијата на Нолан, но зошто да не ја искористи легендарната слика во други суперхеројски филмови? Пред 5 години во студиото Warner Bros. започна глобална филмска франшиза за херои и негативци од различни стрипови.

Сподели на Facebook
пати видено