Веќе до крајот на ова десетлетие ќе се појават лекарства кои го забавуваат процесот на стареење и двојно ќе го продолжат животниот век. Чудотворните апчиња веќе се во првите етапи на разработка, и комбинирани со терапиите врз основа на матични клетки на луѓето ќе им овозможуваат да бидат здрави барем век и половина. Децата родени во овие години ќе ја имаат можноста да доживеат барем 100 години во одлично здравје.
Соединението за кое станува збор активира ензими кои брзо и ефективно ја поправаат оштетената ДНК. Во не толку далечна иднина тоа ќе им помогне на луѓето да започнуваат нова кариера и по 65-тата година од животот, смета почитуваниот невробиолог од Оксфорд, Сузан Гринфилд.
Харвардскиот професор Дејвид Синклер работи на еден од тие медикаменти. Тој е заснован на супстанцијата ресвератрол, која се среќава во црвеното вино. Тој изолирал ново соединение, 1000 пати помоќно од обичниот ресвератрол, коешто покажува одлични резултати при лабораториските тестови.
„Нашите тела имаат неверојатна способност да се самопоправаат и ова соединение ги засилува тие механизми“, објаснува Синклер.