Можеме да работиме со природата или да работиме против неа. Овие архитекти решиле да направат компромис: наместо да ги сечат дрвјата и да ги изградат куќите на чист простор, решиле да ги вклучат дрвјата во новите структури.
Обесшумувањето има силно негативно влијание врз околината. Многу истражувања покажуваат дека тоа силно придонесува во проблемот со глобалното затоплување, влијае врз водениот циклус со тоа што го намалува количеството на вода во почвата и воздухот, придонесува во сушењето на плодната почва и намалувањето на биодиверзитетот. Урбанизацијата претставува само еден мал дел од глобалното обесшумуваање, но сепак ова може да повлијае врз нашиот психолошки став и етичко-естетскиот приод кон решавањето на проблемите. Дали ќе ги сечеме шумите за да ги изградиме нашите домови, или ќе се обидеме да ги инкорпорираме нашите згради во непосредната природна околина? Како би можеле да ги промениме нашите животни навики за да бидеме повнимателни кон природата?
Овие архитектонски решенија се таков пример.