Инструкторка по карате од Орландо, САД, му праќала свои голи слики на нејзин 11-годишен ученик и му велела дека сака да има секс со него. 21-годишната Стефани Фигуроа се соочува со обвинение за обид за намамување, непристојно однесување и придонесување за делинквенција на малолетник, како и за покажување на експлицитни материјали и злоставување малолетник.
Мајката на детето минатата седмица ја отворила социјалната апликација Кик на неговиот телефон и ги видела безобразните пораки на Фигуроа кон него.
„Сакам да имам секс со тебе“, му рекла во една од пораките, поканувајќи го на нејзината забава за нејзиниот дваесет и први роденден. „ОК, НМГ“, одговорило момчето, користејќи кратенка за „ОК, не ми е грижа.“ Фигуроа му кажала на момчето дека на забавата нема да има никој кај нејзе дома. Таа почнала да му се пушта уште од февруари, постојано велејќи му дека ѝ се допаѓа, како што кажало детето во полиција. Иследниците велат дека му испратила 15 голи или провокативни слики.
Човекот кој е сопственик на карате клубот изјавил дека кога ги прегледал снимките од видео надзорот, не нашол каков било доказ дека Фигуроа се обидела да го злоставува детето во просториите на клубот.