Чао Дарвине! Неодамна „инфлуенсерите“ на Инстаграм го „открија“ прекрасното азурно езеро во регионот Галиција во северозападниот дел на Шпанија.

Тие одлучија дека ова е совршено место за фотографирање на нивните задници. Сепак да размислуваа малку со главата немаше да си ги доведат животите во опасност.

Иако езерото изгледа прекрасно, всушност е многу отровно. „Езерото“ е напуштен рудник за волфрам, а живите бои всушност претставуваат хемиска контаминација.

Ова не запре некои луѓе да влезат во водата, што доведе до голем број хоспитализации поради кожни осипи и проблеми со стомакот.

Една инфлуенсерка која две недели не можела да се опорави поради осипите и плускавците изјавила: „Да малку работите се лоши, но вредеше за фотографијата.“ Еден аплауз за неа…

Местото познато како Монте Неме првин било поставено за време на Втората светска војна и оттогаш е напуштено со децении. Инфлуенсерите „навалиле“ на местото откако една туристичка агенција го изрекламирала.

Лекарите велат дека движењето во и околу езерото може да предизвика иритација и осип на кожата, но долгорочното пливање во него може сериозно да го загрози животот. Исто така дури и случајно пиење на водата додека пливате во езерото може да предизвика проблеми со стомакот, кои вклучуваат повраќање и диареја. Добро барем сега ќе знаат дека задникот не служи само за фотографирање…

Сподели на Facebook
пати видено