И покрај фактот што скулптурите во паркот „Анкол Дримленд“ во главниот град Џакарта, стојат повеќе од една година, властите сепак одлучија да ги облечат. Според нив, паркот е семејно место, а на разголените тела не им е местото овде. Прво, градите на фигурите почнаа да се покриваат со златна ткаенина, а потоа беа целосно отстранети од главните патеки и однесени во повнатрешната зона на паркот.

Според портпаролот на паркот, одлуката да се покрие голотијата на сирените била направена под притисок од социјалните мрежи и верските активисти.

Сподели на Facebook
пати видено