Овој млад Индиец по име Баблу стана жртва на предрасудите на членовите на своето семејство и соселаните. Поради здравствено нарушување, неговата десна рака многу пораснала и сега само раката му тежи 20 килограми. Неуките селани почнале да му зборуваат зад грб дека тоа е ѓаволско дело и дека ѓаволот влегол во него. Со тек на време и неуките членови на неговото семејство почнале да се плашат од него.
Така Баблу морал да се пресели во Мумбаи надевајќи се дека во големиот град ќе се измеша во толпата. Но, и овде го снашла истата судбина. Луѓето се плашат од неговата огромна рака и го избегнуваат. Од друга страна пак никако не може да најде работа со ваква рака. Докторите велат дека работата отишла предалеку и дека е доцна за операција со која раката би му добила нормален изглед.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!