Порано луѓето немале струја, но биле паметни и измислувале начини како да си ја зачуваат храната здрава подолго време. Така овој систем на ладење ја одржува температурата внатре во фрижидерот 8-10 степени пониска од надворешната.
Во античките времиња луѓето наместо фрижидер користеле голем глинен сад, во него се вметнува уште еден помал сад, а растојанието меѓу нив било исполнето со песок. Потоа врз песокот истурале вода, што предизвикувало бавно испарување на течноста и ладење на просторот во садот со помал дијаметар.
Да, тоа е начинот на кој луѓето чувале храна во антиката. Но, како што се испостави, овој систем може да биде популарен и денес, за што доказ е изумот на грнчарот Машукбај Праџапати од едно индиско село, кој го измисли фрижидерот MittiCool. Фрижидерот работи на истиот принцип, иако многу личи на обичен фрижидер. Овој негови изум стана толку популарен во Индија и пошироко што го смести грнчарот на топ листата на Форбс за најдобри рурални претприемачи.