55-годишниот Тајеб Соуами е добитникот на најпопуларната лотарија во Америка. Имигрантот кој сега работи како сметководител во Њу Џерси, се преселил во Америка од неговата држава во Африка во 1996 година. Тајеб одбил да им каже на новинарите од која држава во Африка потекнува.
Среќниот добитник работи како сметководител за компанија за увоз на храна и само што ја ставил неговата куќа под хипотека за да може да ја испрати неговата ќерка на факултет. Тајеб дури и заборавил на ливчето и случајно решил да го провери во недела, иако извлекувањето се одвивало на 19 мај.
Тој за новинарите изјавил: „Дојде мојот ден. Ова е големо. Многу сум емотивен сега. Ги сакам тие броеви и секогаш играм со тие броеви.“
Тајеб дал отказ на работното место како сметководител. Тој сé уште не одлучил како да ги потроши сите пари, но неговиот приоритет, според него е да се грижи за неговото семејство.
Таткото на 4 деца на пресконференција со него го земал 20-годишниот син Инел, кој открил дека го советувал неговиот татко да престане да ги троши парите на лото ливчиња.