Ј.П. Атард работел на железничката станица Дандас во Торонто, кога забележал човек кој што седнал на шините. Тој веднаш го исклучил напојувањето и се упатил кон човекот.
На видето е прикажан човекот, за кој се верува дека има 23 години во утешната прегратка на Атард, кој му вели да го „претвори негативното во позитивно.“ Потоа Атард успева да ги убеди набљудувачите да му се придружат во извикувањето на „Јас сум силен!“, за да му покаже на вознемиреното момче дека има поддршка.
Атард му кажал на човекот дека тој е сакан и дека сака да биде негов пријател во трогателен разговор. Од тука полицијата и болничарите ја преземале ситуацијата и помогнале да се врати момчето на платформата.
„Му реков: ‘Имаш лош ден?’, а тој ми одговори ‘Да, сакам да се повредам.’ Во тој момент само го прегрнав.“, вели Атард, кој е пофален од целиот свет за неговата човечност.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.