Многу луѓе се подготвени да направат големи жртви, заради убавината, но овој млад човек од Тајланд, ќе да ве изненади со својот чин. 24-годишниот Пангпапарн Унвилај потрошил околу 250 илјади денари, за да ги добие совршените коцки на стомакот со помош на специјална операција.
Тој објаснува дека долго време спортувал, но никако не можел да добие природни коцки на стомакот. Така се обратил кај еден хирург, кој смислил необично решение. Хирургот му направил делумна липосукција на стомакот, само на деловите кои требало да бидат вдлабнати, одејќи по цртежот на совршени стомачни мускули.
Пангпапарн е многу задоволен од ваквата операција и тврди дека со ова си го решил најголемиот проблем во животот и секогаш ќе си има стомачни мускули, без да троши дополнително време на нив.