Официјалното име на овој бразилски остров е Ilha de Queimada Grande, но за повеќето тој е познат како „Остров на змиите“.
Змиски остров
Локалните жители островот го нарекуваат „Ilha das Cobra“, и тоа не е место коешто би сакале да го посетите, бидејќи насекаде ползат змии отровници.
Население
Островот се простира на околу половина километар квадратен, и е дом на околу 4000 змии.
Златна змија
Змискиот остров во Бразил е единственото место кадешто може да се најде златната змија, една од најотровните змии на планетата.
Отровот
Отровот на златната змија е толку опасен, што може да стопи човечка кожа.
Создавањето на островот
Островот некогаш бил дел до бразилското копно, но се одвоил од континентот пред околу 11.000 години. Змиите коишто останале на островот повеќе не морале да се грижат за копнените грабливци, и набргу го превзеле островот.
Грабливци
Еволуцијата го направила нивниот отров уште помоќен, за со него да ги усмртуваат птиците грабливки.
Забранет пристап
Бразилската морнарица забранува секаков пристап до островот, освен за некои научници.
Змиите
Златната змија расте од 0.5 до 1 метар должина.
Смртоносно
Според некои проценки, на секој еден метар има по една змија отровница на островот. Ова значи дека таму смртта демне буквално на секој чекор.
Внимавај каде одиш
Локалните жители раскажуваат приказни за овој остров, од коишто сите имаат трагичен крај. Исчезнати рибари и чувари на светилници се најчестите жртви на Змискиот остров.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!