Секој успешен производ во почетокот на неговото пласирање на пазарот доживува повеќе неуспеси, но ние ги паметиме само победниците, а ги игнорираме губитниците. Нов музеј во Шведска сака да ја исправи оваа “неправда.”
“Музеј на неуспеси” е идеја на Др. Самуел Вест, психолог по професија, кој во последните 7 години детално ги проучува успехот и неуспехот и како луѓето реагираат на нив. Идејата за овој музеј ја добил кога бил во посета на “Музејот на пропаднати врски и скршени срца” во Загреб. “Музеј на неуспеси” ќе се отвори на Јуни и ќе има над 60 производи кои завршиле неславно. Ова се само неколку од производите кои потекнуваат од успешни компании, но сепак не успеале на пазарот.
“Twitter Peek”, направа за твитер од 2008.
Замрзнати лазањи од компанијата која произведува паста за заби Колгејт.
Парфем Харли Дејвидсон.
Почетен производ на Apple, наречен Њутн.
Играта Трамп, од 1989 година, во која станува збор за купување и продавање на имот.
Sony Betamax видео касетофон.
Кока-кола со вкус на кафе од 2006 година.
BIC пенкало наменето за женската популација, 2016.
Гугл наочари.
Кодак дигитална камера од 1990 година.