Пилот го пропуштил своето слетување за скоро 50 километри откако заспал за време на чартер лет.

Австралиското биро за безбедност во сообраќајот соопшти дека го испитуваат случајот на „пилотска неспособност“ за лет од Девонпорт во Тасманија до соседниот остров Кинг.

Податоците за следење на летот покажаа дека летот во 06:21 часот наутро слетал безбедно на аеродромот Кинг Ајленд во близина на градот Кури и покрај тоа што ја надминал својата цел за 46 километри. Ова бил еден од седумте летови на авионот Piper PA-31 Navajo VH-TWU, тој ден.

Авионот со двоен мотор може да носи девет патници и бил изграден во 1975 година. Иследниците го класифицираа случајот како „сериозен оперативен инцидент“ и се во процес на собирање докази пред финалниот извештај.

Извештајот ќе биде објавен на крајот од истрагата, која се очекува да заврши до март 2019 година.

Сподели на Facebook
пати видено