Основачот на SpaceX, Илон Маск објави фотографии и видео од неговата мини-подморница, која ја оставил на Тајланд, во случај да им затреба на властите за да ги извлечат децата заглавени во пештерата. Тој ја оставил за да им помогне на мочињата, иако веќе поголемиот дел од нив се спасени и е премногу доцна за ваква акција.

Илон напишал на Твитер: „Само што се вратив од Пештерата 3. Мини-подморницата е подготвена доколку им биде потребна. Направена е од делови за ракета и наречена е ‘Дива свиња’, според името на фудбалскиот тим на децата. Ја оставам тука во случај да биде потребна во иднината. Тајланд е прекрасен.“

Осум момчиња веќе се извадени од пештерата, а денес ќе бидат спасени најверојатно уште четири, додека се претпоставува дека нивниот 25-годишен тренер ќе остане сам во пештерата.

Момчињата моментално се во карантин во болницата и нивните родители сѐ уште не можат да ги видат. Тие се наводно во добра здравствена состојба, но тоа е само мерка за претпазливост, за да не дојде до одредени инфекции.

Сподели на Facebook
пати видено