Во сабота Илион Маск на неговиот Твитер профил објави две фотографии од првиот примерок на „Модел 3“. Распоредот за производство на најновиот (и најприфатлив) Тесла автомобил е амбициозен, бидејќи треба да се задоволат 400.000 нарачки.
По објавата, минатата недела дека започнува производството на „Модел 3“, Маск објави фотографија од автомобилот. Овој модел се смета и за „најевтин“ затоа што чини 35.000 долари. Првите 30 нарачки за автомобилот ќе бидат доставени до 28 јули, а првите 100 купувачи ќе го добијат своите возила до крај на август. Во септември ќе бидат произведени 1.500 примероци, а до крајот на декември ќе прават по 20.000 автомобили месечно.
Иако временската рамка изгледа амбициозно, тоа не е ништо за најамбициозната компанија во светот. И со помош на легијата на роботи во Tesla Gigafactory (каде се произведуваат батериите на Модел 3), производството на Модел 3 ќе продолжи да се одвива, а можеби ќе се заврши и предвреме. За разлика од Model S и Model X, чија цена достигна над 100.000 долари, Model 3 е вистинско олеснување за џебовите на купувачите.