Британскиот педофил Ричард Хакл е осуден на доживотен затвор од страна на Лондонскиот суд поради злоставување на 200 малезиски и камбоџански бебиња и деца, во текот на повеќе од една деценија. Триесетгодишниот Хакл стоел на обвинителната клупа со рацете составени за молитва, додека му кажувале дека ќе отслужи најмалку 23 години зад решетки поради неговите злосторства кон жртви на возраст од шест месеци до единаесет години.

ps01

„Навистина е ретко еден судија да треба да донесува суд за сексуално злосторство со таков размер, а сторено од еден човек“, изјавил судијата Питер Рук.

По изрекувањето на пресудата, додека го изведувале Хакл од судницата, една жена извикала: „Илјада смртни казни се предобри за тебе!“ Хакл се изјаснил виновен за 71 обвинение и при неговото апсење на аеродромот Гетвик во 2014 на неговиот компјутер и неговата камера биле најдени преку 20 000 слики со деца.

Тој се фалел за неговите злосторства на интернет и напишал прирачник од 60 страници за другите педофили како да злоупотребуваат деца. Малезиската јавност е згрозена од тоа што се случувало на нејзина територија и судењето беше следено од сите медиуми во земјата.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено