Да, така е, не сме 2120-та година, но летачките мотори веќе се измислени и во „мода“. Ви го претставуваме SpeederTM, летечкиот мотор. Тој има целосно вертикално слетување и полетување и може да полета ефективно од било кој простор со големина на најмалку еден автомобил. Овие мотори на ЈПА првично биле наменети само за воени, владини и комерцијални клиенти ЈПА исто така дизајнираше верзија на SpeederTM и за пошироката јавност. Тој ќе биде полесен од повеќето мотоцикли од 125cc, целосно стабилизиран и лесен за летање.
Летање на SpeederTM за рекреација ќе биде исто како да се вози мотоцикл, но на небото! Да се биде целосно стабилизиран, значи дека ќе биде потребна минимална обука за пилоти. Може да полета од било каде и да лета со брзина до 240км/ч. Исто така може да лета и на 4.500 метри, но секако никој не би требало да има потреба од ваква висина. Моторот ќе може да лета од 10 до 22 минути.
Ќе има две верзии на Recreational SpeederTM: Ultralight верзија и верзијата со експериментална категорија.За Ultralight верзијата (UVS) нема да има дозвола за пилот – целата обука ќе ја обезбеди ЈПА или некој од нивните овластени центри за обука. Верзијата Ultralight ќе биде ограничена на носење 19кг гориво и брзина на летање до 100 км / ч.
Експерименталната верзија (ЕВС) ќе бара лиценца за приватен пилот за летање и нема да има ограничувања за гориво или брзина. Купувачот ќе може да присуствува на процесот на изработка на неговиот мотор со цел да се исполнат правилата за експериментално изработување. Целосна обука ќе биде обезбедена во објектот за обука на ЈПА во Калифорнија, каде што единствено има овластени инструктори.