Бостон Дајнамикс, компанија во сопственост на Гугл, веќе го импресионираше светот со совите роботи „Големо Куче“ дизајнирани да носат големи товари по нерамен терен. Но, од друга страна ннвата претходна серија на двоножни роботи Атлас страдаше од проблеми со рамнотежата и неспособноста да станат кога ќе паднат. Не откажувајќи се, тимот на БД напорно работеше на подобрувањето на роботот, и по неколку месеци, тие конечно се претставуваат со својот нов и подобрен дизајн.
Новиот робот доаѓа опремен со способноста да стане сам кога ќе падне и е многу подобар во совладувањето на нерамни терени. Може и да крева работи и да отвара врати. „Се напојува со електрична енергија и се активира по хидрауличен пат“, пишуваат од компанијата. „Употребува сензори на своето тело и нозе за рамнотежа и стерео сензори на главата за да избегнува пречки, да го совладува теренот и да манипулира со предмети“.