Најголемите светски умови како Стивен Хокинг и Илон Маск одамна напишаа писмо со апел до светските лидери да ја забранат употребата на вештачката интелигенција во воената индустрија, но беа изигнорирани, а развојот на интелигентните дронови и воени роботи продолжи со забрзано темпо.
За кратко време ќе се соочиме со новата опасност, дрон или робот, кој ќе препознава одредени карактеристики кај луѓето, врз основа на што ќе решава дали да ги убие или не.