Идна мајка од Орландо, Флорида ги покажа своите неверојатни вештини за танцување на шипка иако е речиси во 9-тиот месец од бременоста. Алисон Сајпс редовно објавува фотографии и видеа од нејзиното рутинско играње на шипка. 35-годишната Алисон игра на шипка од 2005 година.
Освен што работи како инструктор во фитнес студио таа е на чело на „Федрацијата на САД за спортови на шипка“. Алисон треба да се породи со првото бебе на 7-ми април.
Таа вели дека ѝ било лесно да ја извршува секојдневната рутина до 6-тиот месец од бременоста, а потоа ѝ станало потешко поради тежината.
Алисон вели дека таа пред да продолжи со вежбањето во бременоста се консултирала со лекар и дека постојано се консултира, затоа што не сака да му наштети на бебето.
„Сѐ уште сум силна и во 38-мата недела и планирам да продолжам до породувањето. Зборував со лекарите за овој вид на фитнес и тие се согласија дека додека јас се чувствувам добро да го правам тоа, бидејќи потоа опоравувањето од породувањето ќе биде многу полесно. Тие ме охрабрија да продолжам да вежбам, додека јас сакам.“, вели Алисон.
Идната мајка вели дека досега немала никакви проблеми и компликации во текот на бременоста и се надева дека така ќе остане до самиот крај.